Иднината на репрезентативниот ракомет во овој момент е на прво место. Главните носители на играта низ годините полека ќе прават место за младите играчи. Но, за да младите надежи тргнат по вистинскиот пат и го продолжат трендот на успешни настапи и редовни учества на големите натпреварувања, потребен е проект, кој ќе помогне во исполнување на оваа цел.
РК Алкалоид е тимот кој е создаден за таа цел, истиот ќе соработува со брендот на Кирил Лазаров – КЛ7.
„Проект за доброто на Македонија. Чест и задоволство ми е да бидам дел од овој проект, предводен од реномирината компанија Алкалоид, ќе работиме за доброто на македонскиот спорт.
Моето искуство покажува да формираме добра квалитетна база на млади спортисти, доста заостануваме во тој поглед, вакви проекти треба да се поддржат и заеднички да соработуваме да изградиме нови македонски спортисти, кои заслужено ќе го носат македонскиот дрес.
Во другите земји, во Франција и во Германија постојат такви центари за формирање на млади играчи. Ќе се обидеме да го формираме, да го пресликаме тој дел, за да можеме мирно да спиеме, да изградиме квалитетна иднина на македонскиот спорт, на македонскиот ракомет“, изјави Кирил Лазаров.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим вели дека добро е што се формира еден ваков прокт, кој ќе биде добра база за младите играчи, кој ќе добијат квалитетни тренинзи и квалитетен стручен штаб.
„Добро е уште сега да почнеме да го формираме, само од вакви проекти, можеме да изградиме добра база. Целта е на младите играчи да им овозможиме квалитетн тренанжен процес и стручен кадар, да бидат запознаеме со квалитетни методи на ракомет. Подготвени сме да соработуваме со другите клубови, само така можеме да создадеме квалитетна репрезентација која не обединува, заедно не радува“, додаде Лазаров.

Нашиот најдобар ракометар потенцира дека сите членови на РК Алкалоид нема да имаат загарантирано место во нашиот најдобар национален тим. Секој треба да се избори за репрезентативен статус.










