Силекс утре го пречекува Петроклуб од Молдавија, во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Конверенции.
Кратовци одржаа прес конференција, на која своите очекувања ги искажаа тренерот Горазд Михаилов, голманот Даниел Божиновски и спортскиот директор Стевица Ристиќ.
Михаилов кажа дека неговиот тим ќе игра против цврста екипа, но дека ова ќе биде меч за уживање.
„Освојувачи сме на Купот и обезбедивме европско лето и се надеваме дека ќе треа долго. Споре динформациите, Петроклуб долго време игра со ист состав. Конкуренција се на Шериф, кој добро знаеме што значи за молдавскиот фудбал. Цврста екипа, нивните фудбалери се високи. Ова е за нас предизвик, а целта е Прва лига. Меч за уживање за моите играчи. Технички и тактички добро потковани. Ги анализиравме, во целина знаеме како играат а и составот ни е познат“, рече Михаилов.
БОЖИНОВСКИ: ДА ОДИГРАМЕ БЕЗ ГРЕШКА










