Создавање на мак-репрезентативна иднина е главната цел на РК Алкалоид. Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов вели дека ќе настојува на неутралност, нешто што како претседател на нашата „куќа на ракометот“ до сега го покажувал.
Главен приоритет за него и натаму е Македонија да има база. Ако треба да бира, секако би одбрал медал на едно Европско или Светско првенство отколку пласман на Ф4 во Келн.
„Сметам дека јас лично, како бизнисмен низ годините, но и како претседател на федерацијата, досега покажав дека секогаш настојувам на неутралност и на тоа сите да имаат еднакви шанси. Затоа и клубот ќе почне од Првата лига, ќе расте природно преку правилна работа. Овој проект е за добро на македонскиот ракомет, слободно можам да кажам дека многу повеќе би ми значело да создадеме квалитетна база и за одреден период репрезентацијата на Македонија да освои медал на ЕП или СП, отколку РК Алкалоид да се најде на Ф4 турнирот во Келн“, истакна Мукаетов на денешната прес-конференција.










