Сестрата на фудбалерот Емилијано Сала кој загин аво авионска несреќа пред две години се обидела да изврши самоубиство. Според информациите, таа се наоѓа во критична состојба.
Аргентинските медиуми јавуваат дека Ромина била пренесена во болницата „Хозе Марија Кален“ во Санта Фе, откако наводно се обидела да се самоубие во вторникот. Неофицијално, таа е во критична состојба и лекарите се борат нејзиниот живот.
Ромина наводно се обидела да се обеси, додека во нејзината крв биле пронајдени и траги од лекови. Аргентинските медиуми јавуваат дека таа и испратила порака на својата пријателка со текст: „сè е готово“, што ги алармирало сите да проверат што се случува. Кога ја пронашле, таа веќе била во критична состојба.










