Екипата на Струга Трим Лум пред утрешното деби во Европа во рамките од Лигата на Конференции, тренираше на стадионот Даугава во Лиепаја.
Утре во 16 часот противник на стружани е Лиепаја од Летонија.

Екипата посакува добар резултат пред реваншот во Скопје, и секако, доколку може пласман во следната фаза.
Тренерот Срѓан Захариевски на располагање ги имаше сите играчи кои ги поведе во Летонија.










