Екипата на Тиквеш забележа победа над Работнички со 3:1 во вториот пријателски натпревар. Стрелци за тимот од Кавадарци беа Иван Ивановски, Едиз Спахиу и Ибрахима Тиам, додека поразот на Работнички го ублажи Бујар Хајдари во второто полувреме.
Тимот на Пане Блажевски ја забележа втората победа на подготовките. Во недела екипата оди на десетдневни подготовки во Охрид, а таму ќе имаат неколку пријателски мечеви.















