„Blue sky investments“ официјално го презема Вардар, старт на подготовки в сабота

7535

ФК Вардар од денеска и официјално има нов сопственик. Потпишан е договорот помеѓу компанијата  „Blue sky investments“ и сопственикот Слободан Крстевски од една страна и Сергеј Самсоненко од друга страна. Преземени се акциите од страна на новиот сосптвеник и тој од денеска и официјално раководи и менаџира со најтрофејниот клуб во Македонија.

Со ова официјално и завршува ерата на Сергеј Самсоненко, чиј што обврски кон оние на кои им се должат парични средства, допрва ќе бидат регулирани во периодот кој следува. Најбитно е што Вардар тргнува од „мртва“ точка и ќе продолжи да функционира нормално како второлигаш.

Тренерт Горан Симов, старт на подготовки в сабота

Официјално, Вардар ќе стартува со подготовки в сабота на 10 јули со почеток од 19:30 часот на Арената Тодор Проески. Едноставно Вардар мора да стартува дома, онака како што му личи на најтрофејниот клуб, було тој да е прволигаш или второлигаш. Тренер е Горан Симов, тоа е сега веќе дефинитивно, а за играчкиот кадар допрва ќе се разговара. Голем дел од играчите си заминаа, заминуваат и во моментов, па ќе видиме новата управа со што ќе располага на стартот.

 

ПретходноНагелсман: Сè уште не верувам дека сум тренер на Баерн
СледноБаерн Минхен и официјално го претстави новиот тренер