Досегашниот играч на Вардар, Виктор Крстевски е нов играч на тимот на Тиквеш. Во текот на вчерашниот ден е договорен преминот на еден од најквалитетните млади дефанзивци во нашатс лига во новиот прволигаш, и Тиквеш добива добро засилување во одбраната.
Крстевски имаше голема минутажа во изминатата сезона во дресот на Вардар и го доби неопходното прволигашко искуство.
ФОТО: КОЧО СОТИРОВСКИ















