Шкупи го промовираше и деветтото засилување ова лето

3211

Во пресрет на првиот меч со екипата на Лапи во европските купови, екипата на Шкупи го промовираше своето деветто засилување ова лето. Станува звор за централниот дефанзивец, 19-годишниот Александар Ѓурковски од екипата на Вардар.

Тој е најмладото засилување за чаирчани.

„Пред сè, сакам да и се заблагодарам на управата на клубот и тренерот Гоце Седлоски, за довербата и дадената можност да бидам дел од Шкупи. Знам дека се очекува многу од тимот како во локалното првенство, така и на меѓународната сцена. Токму тоа беше причината што решив да потпишам Очекувам наскоро да се прилагодам во клубот и ќе работам напорно за да ги оправдам очекувањата“, изјавил Ѓурковски.

ПретходноЕуро 2020: Пеналите ја „лансираа“ Италија во големото финале (ВИДЕО)
СледноАргентина на пенали до големата класика во финалето на Копа Америка 2021 (ВИДЕО)