Ѓоковиќ без проблем до полуфиналето на Вимблдон

201

Новак Ѓоковиќ без проблем се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. Српскиот тенисер во четвртфиналето го совлада Мартон Фуковиќ со 3-0 по сетови (6:3, 6:4 6:4). Во полуфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Шаповалов и Хачанов.

Ноле првиот сет го доби со 6-3, по водството од 5-0, Фуковиќ успеа да направи серија од 2-0, му зеде еден сервис на Србинот. Сето ова не беше доволно да се наруши ритамот на Ѓоковиќ, се врати и го заврши својот сет во своја корист.

Во вториот сет, Унгарецот се разбуди. Поведе со 1-0, беше далеку порамноправен противник. Се чекаше еден од двајцата тенисери, да попушти, секако тоа беше Фуковиќ, загуби на свој сервис, па Ноле го доби вториот сет со 6-4.

Српскиот тенисер добро го отвори третиот сет, му зеде сервис на противникот, поведе со 3-1. Фуковиќ се обидуваше да се врати, но Ноле не дозволи оваа пресметка да трае подолго од очекувањата, и овој сет го доби со 6-4.

ПретходноНавивач подигнал кредит за да и помогне на Црвена Звезда
СледноБалотели промовиран во Адана, договор на три години