Агуеро се огласи по најавите дека ќе ја напушти Барселона поради Меси?

1078

Серхио Агуеро поради Лионел Меси како слободен играч дојде во Барселона од редовите на Манчестер Сити.

Тој беше пресреќен што ќе игра во ист тим со Меси, но сето тоа се промени по неколку недели. Според пишувањата на одредени медиуми во Шпанија, 33-годишниот најавил дека сака да си замине. Но, веднаш излезе со демант.

„Да не се грижите, ќе бидам тука цел година“, им порача Агуеро на фановите на Барса.

Тој исто така испрати порака до Меси.

„Секоја чест. Секогаш да ја имаш таа насмевка, те сакам“, пиша на Твитер.

 

ПретходноМециновиќ: Струга ТЛ во Струмица оди по трите бода!
СледноКејн се врати во Лондон, Тотенхем го стави во карантин