Вечерва играат Академија Пандев и Струга Трим Лум во рамките на 1.коло од новата сезона во ПМФЛ. Интересен и динамичен меч во кој домаќините играа подобро меѓутоа гостите од Струга го имаат водството.
Во 20 минута напаѓачот на Пандевци, Ване Крстевски се најде во прекрасна шанса, меѓутоа неговиот шут заврши покрај голот на Талевски.
Пет минути подоцна Емир Скендери ги „здрви“ Пандевци откако го измами противничкиот дефанзивец и во ситуација еден на еден со противничкиот голман ја затресе мрежата.
Со тој резултат се отиде на полувреме. Ќе видиме што ќе се случува во вториот дел.















