Од Интер децидни: Можат да пишуваат што сакаат, Лаутаро не е на продажба

385

Италијанската телевизија „СпортИталија“ објави дека Интер не сака да зборува за продажба на Лаутаро Мартинез, затоа што не е подготвен да го продаде аргентинскиот репрезентативец ова лето. Денеска британски „Тајмс“ објави дека наводно Тотенхем постигнал договор со Интер за договор вреден 60 милиони фунти, но „нероаѕурите“ веднаш демантираа.

„Тајмс“ тврди дека Спарс нудат вкупно 76,8 милиони фунти (вклучително и бонуси) и на тој начин постигнале договор со Интер, но од клубот велат дека нема никаква вистина во информацијата.

ПретходноХорхе Мартин е победник на Мото ГП трката во Австрија
СледноМеси синоќа правел проштална журка, на неа биле Агуеро, Пике, Алба, Бускетс…