ПМФЛ: Тенок старт на фаворитите, новајлиите покажаа заби…

786

Завршија петте попладневни мечеви од 1.коло во ПМФЛ. И Шкупи и Шкендија не победија.

Добар меч во Штип на дербито, каде пред 2.000 гледачи мечот заврши 0:0 меѓу Брегалница и Шкупи. Во вториот дел домашните имаа повеќе шанси, треба да се одбележат оние на Ѓокиќ и Манев по ударите со глава.

Брегалница одигра храбро, затоа и аплаузите од публиката.

Во Прилеп, Шкендија исто не успеа да слави, и тоа против Тиквеш. Бадијала поседот на топката, На Хебај му бепе поништен гол, а кавадарчани бараа пенал по стартот над Христов. И таму имаше доста публика.

Работнички очекувано дојде до трите бода и тоа со голот на Ристевски, исто и Македонија ЃП со 1:0 успеа да слави над Пелистер.

Ренова не успеа да го победи Скопје. Селмани донесе водство за “гипсарите“, но Кировски успеа да израмни за конечни 1:1.

Пеколното топло време придонесе да немаше подобар фудбал на стартот од новата сезона, и повеќе голови.

Вечерва од 20 часот во Струмица играат А.Пандев и Струга ТЛ.

РЕЗУЛТАТИ

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0:0

ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0:0

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 1:0

(Ристевски 29./)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 1:0

(Воша 22.)

РЕНОВА – СКОПЈЕ 1:1

(Селмани 73./Кировски 78.)

А.ПАНДЕВ – СТРУГА (20:00 Ч)

ПретходноФуриозен старт: Ракометарките до 17 години го „збришаа“ Косово
СледноРаботнички тргна со победа, деби гол на Ристевски!