Дербито во Штип, првакот му гостува на Тиквеш…вечерно фудбалско уживање во Струмица!

838

 

Попладнево и вечерва се играат натпреварите од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Сезона во која за првпат во самостојна Македонија ќе го нема Вардар, ќе го нема ни Силекс.

Затоа тука во битка за првото место се Шкендија и Шкупи, првиот и вториот на табелата од минатата сезона. Овие две екипи се чини дека во моментов се без конкуренција. Сензација ќе биде ако некој друг им се вмеша во трката за шампионскиот пехар.

Дербито се игра во Штип, Брегалница го дочекува Шкупи. Ова ќе биде тежок меч и за двете екипи. Чаирчани можеби се фаворити на хартија, но засилената Брегалница која игра пред своите фанови е екстра тежок противник.

Шкендија пак гостува во Прилеп и тоа на Тиквеш. Овој меч требаше да се игра во Кавадарци, и таму ќе беше фешта. Но, што е тука е. Тиквеш по пауза од 17 години својот прв прволигашки меч ќе го игра надвор од Кавадарци.

ВО СКОПЈЕ СЕ ИГРААТ ДВА МЕЧА

Работнички на Арената во Скопје го дочекува Борец. Тимот од Градски парк е фаворит за освојување на трите бода. Иако “романтичарите“ оваа сезона го подмладија составот, сепак имаат тим кој не смее да се отпишува. Борец во минатите две сезони како прволигаш покажа дека кога е најтешко тогаш е најдобар.

Македонија ЃП можеби ќе ја има најлесната задача. Го дочекува Пелистер кој допрва треба да се екипира. Битолчани речиси и да немаа класични подготовки, не одиграа ниту еден пријателски меч. “Лавивите“ пак се посилни од лани, затоа се очекува домашна победа.

ВО СТРУМИЦА ПОД РЕФЛЕКТОРИ

Единствената вечерна средба во ова коло е онаа во Струмица, каде на стадионот “Благој Истатов“ се среќаваат Академија Пандев и Струга Трим Лум. Само на оваа средба фановите можат да уживаат гледајќи фудбал под свелоста на рефлекторите. Се најавува и напаѓачка игра од двете страни.

И во Тетово, на Градскиот стадион под Шара, се среќаваат Ренова и Скопје. “Гипсарите“ не сакаат да ги повторат проблемите од минатата сезона, ветуваат битка за висок пласман сезонава, и кога е така тогаш мора и да се победува. Иако не смее да се потцени жилавиот состав на “пиратите“. Во секој случај ќе биде интересно и во Тетово.

ДВОЈКИ – ДЕНЕСКА 17:30 Ч

СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

ПРИЛЕП: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА

ТЕТОВО: РЕНОВА – СКОПЈЕ

ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ

СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

СТРУМИЦА: А.ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (20 Ч)

ПретходноМеси се расплаче на збогувањето: „Никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден…“
СледноМеси: Предложив да ми бидат скратени 50% од договорот, но не добив одговор