ВАТЕРПОЛО ОИ: Србија преку Грција го одбрани олимпиското злато

613

Србија успеа да го одбрани олимпиското злато во ватерполо во Токио. Во возбудливото финале репрезентативците на нашиот северен сосед ја совладаа Грција со 13-10, благодарение на одличната одбрана, особено во последниот период, во кој останаа и со двајца играчи помалку, но одлично го приведоа дуелот.

Србија почна одлично во првата четвртина, водеше со 6-3, Грција се врати во вториот, го доби со 4-2, по изедначената игра во третиот период (2-2), победата ја завери во последната четвртина. Србите ја добија со 3-1.

За оваа земја ова беше второ злато на Игрите.

Бронзениот медал и припадна на Унгарија, која ја совлада Шпанија со 9-5.

ПретходноЛапорта се фотографираше со навивач и го откри новиот тим на Меси (ВИДЕО)
СледноБоби Божиновски: И на 40 години можам да играм во оваа наша Прва лига!