Нејмар на мета на критики во Бразил: Трудното момче…

240

Бразил ја запиша седмата победа во квалификациите за СП, го совлада Чиле со 1-0. Нејмар одново ја предводеше својата репрезентација, но овој пат доби жестоки критики од јавноста. На Бразилецот најмногу му замеруваат поради недостигот на физичка форма и на вишокот на килограми.

„Трудно момче“, се дел од критиките.

„Не разбираме зошто не изгледаше добро, па не може да трча со таков стомак“. „Нејмар испил две Кока Коли и изел порција чипс со сирење и сланина, а потоа испушил две цигари“.

Според многумина селекторот треба да го извади од игра, а не да го чува на теренот.

„Тите е како татко на Нејмар, никогаш не го вади од игра. Тоа би го направил само ако Нејмар биде изваден на нослки. Има различен однос со него за разлика од останатите. Зошто го држи 90. минути на терен? Се гледа дека не е во форма и дека ова беше неговиот најлош меч во дресот на Бразил“, се дел од текстовите во Бразил на сметка на Нејмар.

Бразил во недела игра против Аргентина, додека на 10. септември против Перу. По седум кола има максимален учинок од 21 бода, додека Аргетина е втора со шест бода помалку.

ПретходноМанасков и Веспрем го бранат СЕХА-тронот во Задар
СледноРедици пред „Олд Трафорд“ за дресот на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)