Артета одговори на критиките: Луѓето не разбираат некои работи и затоа коментираат

174

И покрај тоа што Арсенал има најлош почеток во Премиерлигата после 67 години, првиот тренер Микел Артета очигледно не е загрижен за оваа лоша форма.

„Топџиите“ во првите три кола имаат три порази, и репрезентативната пауза им беше добродојдена за да се консолодираат.

Артета и покрај тоа што му е загрозено местото, одговори на критиките.

„Имавме проблеми со повреди. Луѓето не разбираат некои работи и веднаш коментираат. Сега екипата ќе биде целосно нова и ќе тргнеме со победи“, рече Артета.

„Ни беше потребна оваа пауза. Разговаравме со играчите, свесни сме за ситуацијата во која се наоѓаме, но не сме загрижени. Сезоната само што почна, и ќе тргнеме со една долга серија на триумфи“, рече Артета.

ПретходноЧеферин: Репрезентациите од Европа и Јужна Америка ќе го бојкотираат Мундијалот!
СледноЃурковски промовиран во Тиквеш