Станчиу: Не заслуживме повеќе од бод во Скопје, игравме против силен тим

943

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да дојде до целиот плен против Романија која во Скопје дојде ослабена. Иако гостите заминаа со бод, сепак Николае Станчиу смета дека од оваа средба заслужиле повеќе од бод.

„Мислам дека бодот е добар за нас, не заслуживме повеќе. Тешко е да се одиграат три меча во шест дена со две патувања. Дел од репрезентативците не дојдоа имаат повреди, Хаџи беше позитивен на Ковид-19.

Сакавме да стигнеме до победа, но треба да бидеме свесни дека игравме против добар тим. Иднината на групата е во наши раце, имаме се уште шанси.

Теренот во Скопје беше незгоден за игра, тревникот беше чуден. Многу бргу се заморувавме. Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски пред мечот ни се извини“, изјави Станчиу. 

ПретходноСамо една тенисерка од Топ 15 во полуфиналето на УС Опен
СледноШвајцарските власти попуштија поради Кристијано Роналдо