По ужасната трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица, Владата прогласи тридневна жалост на територијата на цела Македонија. Поради тоа, планираните натпревари од 3 коло во Втората македонска фудбалска лига, Исток и Запад, место во сабота ќе се одиграат во недела.
Тоа значи дека во ист ден ќе имаме и прволигашки и второлигашки фудбал. Прволигашите в недела на програмата го имаат 6. коло. Сите натпревари ќе почнат со минута молчење во знак на почит кон загинатите.










