Добро познато име на кормилото на египетската репрезентација

215

Египетската фудбалска асоцијација веднаш најде заменик за отпуштениот селектор Хосам Ел Бадри. Кормилото на најтрофејната африканска репрезентација го презема португалскиот стратег Карлос Кеирос кој ќе има задача да ги однесе „фараоните“ на СП 2022 во Катар.

Египет се бори за првото место во групата Ф од квалификациите и има два бода помалку од лидерот Либија, а само победникот на групата оди во плеј-офот односно завршната фаза за пласман на Мундијалот.

ФА на Египет не соопшти детали од договорот со Кеирос ниту должината на истиот. Кеирос е поранешен тренер на Реал Мадрид, а беше селектор на Португалија, Јужна Африка, Иран и Колумбија со која раскина во декември по очајниот старт на квалификациите за СП.

ПретходноМакедонците во Бундес-лига тргнаа со пораз
СледноБоатенг мора да плати отштета oд 1,8 милиони евра за насилство