Македонските репрезентативци, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со пораз ја отворија новата сезона во Бундес-лига.
Сите тројца имаа тешки противници во првото коло.
Вецлар на Миркуловски на гостински терен беше совладан од Фуксе Берлин со 29-24.
Тимот на македонскиот репрезентативец добро се држеше во првиот дел, имаше и позитива од 4 гола, но по 13-14 на одморот, домаќинот влезе во ритам и направи целосен пресврт.
Миркуловски не се запиша во листата на стрелци.
Пораз на гости запиша и Пешевски, неговиот Штутгарт беше совладан од Магдебург со 33-29.
Пешевски беше одличен, постигна шест гола од исто толку обиди, кои не беа доволни за изненадување.
Кузмановски и Хановер на домашен терен беа поразени од Рајн Некар со 24-28. Македонскиот репрезентативец постигна три гола од четири обиди.










