Поради тридневната жалост: 3. коло кај второлигашите поместено за в недела

850

По ужасната трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица, Владата прогласи тридневна жалост на територијата на цела Македонија. Поради тоа, планираните натпревари од 3 коло во Втората македонска фудбалска лига, Исток и Запад, место во сабота ќе се одиграат во недела.

Тоа значи дека во ист ден ќе имаме и прволигашки и второлигашки фудбал. Прволигашите в недела на програмата  го имаат 6. коло. Сите натпревари ќе почнат со минута молчење во знак на почит кон загинатите.

ПретходноБарселона го промовираше главниот дрес за Лига на шампиони (ВИДЕО)
СледноСТРУЧЕН КОМЕНТАР/ Јошко Миленкоски: Националниот тим е гордост и таков треба да остане