ВМФЛ – ИСТОК: Виничани и се “острат“ на Победа!

337

Слога (В) – Победа е дербито на 4.коло во ВМФЛ – ИСТОК.Мечот се игра во Виница со почеток од 15 часот, како и сите останати средби од ова денешно коло на истокот.Слога Виница предводена од тренерот Никола Кузманов, досега знае само за победи,има девет бодови од трите досега одиграни мечеви. Сепак денеска против Победа ќе треба да докаже дека е кадарна за големи нешта сезонава.

Кит Го му гостува на Братство и оди по трите бода,тука нема дилеми. Во Гевгелија се среќаваат Кожуф и Беласица, а Осогово го дочекува составот на ТИМ Локомотива.

Во Македонска Каменица домашната Саса игра против Детонит и посакува освојување на нови бодови со што ќе остане при врвот на табелата.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

БРАТСТВО – КИТ ГО

КОЖУФ – БЕЛАСИЦА

САСА – ДЕТОНИТ

СЛОГА (В) – ПОБЕДА

ОСОГОВО – ТИМ ЛОКОМОТИВА

ПретходноПотпретседателот на Барса го испофали Перез: Секоја чест за Реал Мадрид
СледноМајк Џејмс потпиша рекорден договор со Монако