По триумфот од 2:0 против Тиквеш во минатото коло на свој терен, Брегалница утре во меч од 8.коло во ПМФЛ гостува во Тетово, и тоа на Ренова, екипа која оваа есен игра навистина одлично.
За тоа што можат “сините“ на ова гостување под Шара, свој коментар за клупската страна на Брегалница, изнесе офанзивецот Дарко Додев.
“Не чека навистина тежок натпревар. Ренова отворено покажа дека се работи за квалитетен тим. Повеќе од сигурно е дека “гипсарите“ ќе атакуваат на нова победа, тука нема дилеми, но ние си имаме свои мотиви и имаме сила да дојдеме до позитивен резултат“ заврши Додев.