Во јуни ќе се активира клаузулата со која Ерлинг Халанд за 75 милиони евра ќе биде слободен и секој клуб кој ќе ги плати тие пари ќе може Норвежанецот без проблеми да го ангажира. Се разбира ако претходно ги задоволи личните услови на сегашниот напаѓач на Борусија Дортмунд.
Секако дека и Барселона, како еден од најголемите клубови во светот, е во “игра“ за потписот на Халанд.
Сепак, дали е баш така.
Имено еден од првите соработници на Хоан Лапорта се пожали дека е невозможно Барселона да го купи Халанд.
Ова се зборовите на Рафа Јусте.
“За жал, не гледаме сега никаква можност да го ангажираме Халанд, барем не во јуни. Од сега па до крајот на следната година ќе се обидеме да ги закрпиме сите дупки, па потоа ќе размислуваме за квалитетни засилувања. Да, Халан е најдобар во светот, но како да го купиме кога во клубот ни е хаос, кога клубот ни е во урнатини“.










