Бутел спаси глава во финишот, Е.Пелистер 2 продолжува да „гази“

197

Бутел Скопје во самиот финиш на дуелот против Радовиш успеа да обезбеди минимална победа од 21-22. Иако скопскиот тим беше доминантен во првото полувреме и водеше со 8-12, сепак домаќинот не му дозволи лесни бодови.

Второто полувреме беше ракометарите на Радовиш одиграа подобро во одбраната, успеаја да изедначат на 16-16, до крајот беше вистинска драма со среќен крај за Бутел Скопје, кој го запиша четвртиот триумф. На другата страна домнашниот состав пак дојде до четвртиот пораз.

Марко Митев со осум гола го предводеше својот тим, токму тој го постигна победничкиот погодок, во редовите на Радовиш, Вујниќ и Постолов имаа по шест погодоци.

Е.Пелистер 2 продолжи во победнички ритам, без мака го освои Скопје, против истоимениот тим славеше со 24-29. Оваа средба беше решена во првото полувреме, по кое гостите имаа позитива од 12-14. Кузманоски имаше шест гола, Анастасијевиќ додека пет.

Вториот тим на Битола дојде до победата број пет, има само еден пораз. Скопје и натаму го чека првиот триумф.

ПретходноДе Брујне: Италија и Франција имаат 22 играчи од екстра класа, за жал Белгија нема!
СледноМЗТ Скопје 2 го доби дуелот со дебитантот Ангели