НБА-сезоната почнува за десетина дена, играчите полека фаќаат ритам за старт на вистинското. Дел се во форма, дел изненадуваат со својот изглед,
Во втората група се најде Џејмс Харден. Ѕвездата на Бруклин ги шокираше сите со својот изглед, делува како да има 15 килограми повеќе. Низ социјалните мрежи се врти фотографија од дуелот со Милвоки, на која може да се види дека има голем стомак.

За потсетување тој и минатата сезона имаше проблем со изгледот, поточни килограмите, но тогаш велеше дека поради тренерките изгледа големо.
Фановите се прашуваат како може една ѕвезда како него која заработува 41 милион долари по сезона да изгледа токму вака.










