Првпат по 24 години, еден Ф1 возач не влезе во пит-стоп цела трка!

1293

За првпат по 24 години, денеска на Турското ГП во Формула 1, еден од возачите успеа да ја заврши трката без ниту еднаш да влезе во пит-стопот.Станува збор за Французинот Естебан Окон, возачот на Алпина.

Тој ја заврши трката за Големата награда на Турција на десеттото место. Пред него последниот возач кој не влезе во боксот ниту еднаш за време на ГП трка е Финецот Мика Сало, кој во таа прилика во далечната 1997 година му ги донесе последните бодови на својот тим Тајрел.

Инаку денеска по трката Окон изјави дека тактиката не била добра, а тоа можеше да се види и од состојбата на пневматиците по завршувањето на истата.

ПретходноХрабра игра на Македонија и минимален пораз од Црна Гора
СледноЛиверпул ќе и го украде Дембеле на Барселона и тоа за џабе