Тајсон Фјури го нокаутира Дионтеј Вајлдер и ја заврши нивната трилогија непоразен. Веднаш по борбата во рингот ја коментираше втората победа во трите пресметки со Вајлдер.
„Како што кажа големиот Џош Вејн, јас сум составен од железо и челик“, почна Британецот за овации од публиката, па продолжи.
“Сакам да му се заблагодарам на Господ и Спасителот Исус Христос. Го славам, тој ми ги дава овие славни победи”.
По цитатот го анализираше дуелот, не пропушти да го „пецне“ противникот.
„Двапати бев на подот, не ми беше лесно. Вајлдер беше одличен борец и добро ме намачи. Сепак како што секогаш кажувам, јас сум најдобар боксер во светот, а тој е втор. Никогаш да не се сомневате во мене, и кога ми е најтешко, јас сум најдобар“.
По победата призна дека не добил честитки за победата.
„Му пријдов му реков: Добра борба, а тој не сакаше да ми честита. Му кажав дека нема проблем. Бев изненаден, тој е лош губитник, едноставно е идиот“.










