Барди: Во репрезентацијата сите сме капитени

684

Прв пат во кариерата Енис Барди постигна хет-трик на еден меч, а тоа се случи во дресот на македонската фудбалска репрезентација. Играчот на Леванте одигра супер натпревар, два гола даде од пенал, еден со шут од далечина.

Тој е само петтиот фудбалер кој реализирал хет-трик за Македонија. На прашањето какво е чувството да се биде капитен на Македонија тој одговори.

За мене сите се капитени. Сите имаме еднаква одговорност и сите допринесуваме за резултатите на оваа селекција.  Мотивација секогаш постои, и вечерва ми беше на високо ниво. Горд сум што сум дел од капитените во оваа селекција. Беа тука Горан, имавме и други големи играчи капитени. Од Горан научив многу. Дај боже исто да продолжиме“, вели Барди.

Знаевме дека во дел од натпреварот ќе бележиме падови. Зборувавме многу за тоа, а се договоривме да бидеме мирни, дека ќе дојде шансата. Среќни сме за победата, а сега имаме втор натпревар со Исланд и треба да се фокусираме на тој меч“, вели Барди кој го пофали селекторот Милевски.

Го знаеме многу добро Милевски, долго работиме со него. Тој има победнички менталитет и тоа го покажува“, заврши играчот на Леванте.

ПретходноАлкалоид испушти победа, Голден Арт со бод како планина
СледноКузмановски стрелаше трипати, Хановер повторно поразен