Лидерот на Западната конференција во НБА лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс немаше поголем проблеми да ја совлада Минесота синоќа на домашен терен со конечни 123:100 во меч кој беше дел од 13. натпревари долгото коло ширум САД.
Домашниот тим беше предводен од Ендрју Вигинс кој постигна 35 коша, но играчот на вечерта синоќа беше во поразениот тим. Цели 48 поени се впишани до името на Едвардс кој имаше незаборавна шутерса вечер, која за негова жал не беше крунисана со победа.
Ниту лидерот на Истокот, тимот на Чикаго не остана покусо синоќа па ја забележа единаесеттата победа сезонава со резултат 117:107 над Далас.
Зек Лавин со 23 поени најдобар на терен, а Порзингис на другата страна со дабл – дабл учинок од 22 поени и 12 скока.
Лејкерси дури по продожението
Во дерби мечот во Лос Анџелес во кој Лејкерси го пречекаа тимот на Мајами и обезбеди тешка но значајна победаа од 120:117 и тоа по одиграно едно продолжение. Адебајо со 28 поени прв на листата на стрелците на што додаде и десет скока, а во победничкиот табор Монк со кош помалку најзаслужен за домашниот триумф.
Резултати:
Кливленд – Вашингтон 94:97
Орландо – Бруклин 90:123
Бостон – Торонто 104:88
Хјустон – Детроит 104:112
Њујорк – Милвоки 100:112
Чикаго – Далас 117:107
Мемфис – Шарлот 108:118
Њу Орлеанс – Оклахома 100:108
Сан Антонио – Сакраменто 136:117
Денвер – Индијана 101:98
Феникс – Портланд 119:109
Голден Стејт – Минесота 123:110
Л.А.Лејкерс – Мајами 120:117 (по продолжение)










