Оле Гунар Солскјер се наоѓа на мета на критики поради лошите резултати на клупата на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ во претходните две недели доживеаја тешки порази на свој терен. Први ги совлада Ливерпул со 5-0, а потоа на градското дерби беа поразени од Сити со 2-0.
Поради ова Солскјер се најде на мета на навивачите на Јунајтед, кои од раководството бараат да му врачат отказ. Се очекуваше истиот да го добие по двете катастрофи, но благодарение на Фергусон и натаму остана на клупата.
Но, се чини според последните информации отказот сепак ќе се случи. За време на репрезентативната пауза изненадувачки отпатува во Норвешка со семејството, на фудбалерите им даде седум дена одмор.
Многумина сметаат дека тој е свесен за евентуална разделба, веќе во медиумите се пласира и името на неговиот наследник. Станува збор за Брендон Роџер, кој веќе имал средба со челниците на Јунајтед и дал зелено светло. Иако е врзан со договор за Лестер, олеснителна околност е клаузулата, според која може да ја раскине соработката без никаква отштета, секако доколку добие понуда од европски или светски великан, како што е Јунајтед.
Останува во следниот период да видиме дали Солскјер навистина ќе го напушти „Олд Трафорд“.










