Македонија вечерва во Ереван игра против Ерменија, во меч од квалификациите за СП во Катар 2022. Секако дека ни одговара само победа. Важно е што има оптимизам во нашите редови, дека ја посакуваме победата и трите бода.
Дека понекогаш потребна е и мала релаксација пред мечот и тоа како добро го знае селекторот Благоја Милевски, кој денеска рано наутро им “нареди“ на момците да прошетаат низ главниот град на Ерменија, во близина на хотелот каде што е сместена нашата експедиција. Целта е јасна, да се “оладат“ малку главите на нашите фудбалери.
View this post on Instagram










