Седлоски: Благодарност до Бешикташ за гостопримството!

369

Шкупи попладнево одигра пријателска средба со турскиот гигант Бешикташ. Чаирчани се поразени со 3:0, но сепак ова беше уште еден силен тест за можностите во моментов за тимот на стратегот Гоце Седлоски.

Стратегот на Шкупи по завршување на натпреварот на грандиозната “Водафон Арена“ во Истанбул за клупската интернет страница истакна.

Добар натпревар против голем тим како што е Бешикташ. Му благодарам на претседателот на нашиот клуб кој ни овозможи ваков пријателски натпревар на вака прекрасен стадион. Нормално за вакви мечеви, им дадов шанса на сите играчи да настапат. Заслужена победа на Бешикташ, тоа е одличен тим со квалитетни играчи. Секако дека сакам да му се заблагодарам на Бешикташ на гостопримството во текот на целиот наш престој овде во Истанбул. Се враќаме во Скопје каде што ќе се подготвуваме за тоа што не очекува“ изјави Седлоски.

ПретходноБарселона се надева на 50 милиони евра од продажба зимава
СледноСонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност