Танцот на капитенот: Барди, Барди, Барди…

1363

Магија на Енис Барди среде Ереван. Луѓе…ја победивме Ерменија со 0:5 на гости. Па, зарем е можно? И ова е супер реванш за тие 4:0 во Ереван пред две години..

Сепак, ова е техт за Барди, кој ги заслужува сите честитки. Ретко кој наш репрезентативец постигнал три гола на еден меч. Два од пенал и еден маестрален погодок. Безброј додавања, одземени топки, проигрувања. Се што треба да стори еден фудбалски мајстор, тоа вечерва во Ереван го демонстрираше Барди.

Со овој меч тој и дефинитивно се наметнува како предводник на оваа млад, моќна, силна Македонија.

Беше милина да ги следиш момците на Милевски како вечерва среде Ереван играа. Ова и дефинитивно е еден од нашите најдобри настапи во репрезентативната историја.

Браво, браво уште еднаш БРАВО.

А, Барди… тој е нашиот Меси, македонскиот Меси.

ПретходноБЛЕСКАВА МАКЕДОНИЈА: Во Ереван ги отворивме вратите за бараж на СП! (ВИДЕО)
СледноГрузија ја изненади Шведска и ѝ направи услуга на Шпанија (ВИДЕО)