Годен Стејт без проблеми против Минесота (ВИДЕО)

152

 

Лидерот на Западната конференција во НБА лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс немаше поголем проблеми да ја совлада Минесота синоќа на домашен терен со конечни 123:100 во меч кој беше дел од 13. натпревари долгото коло ширум САД.

Домашниот тим беше предводен од Ендрју Вигинс кој постигна 35 коша, но играчот на вечерта синоќа беше во поразениот тим. Цели 48 поени се впишани до името на Едвардс кој имаше незаборавна шутерса вечер, која за негова жал не беше крунисана со победа.

Ниту лидерот на Истокот, тимот на Чикаго не остана покусо синоќа па ја забележа единаесеттата победа сезонава со резултат 117:107 над Далас.

Зек Лавин со 23 поени најдобар на терен, а Порзингис на другата страна со дабл – дабл учинок од 22 поени и 12 скока.

Лејкерси дури по продожението

Во дерби мечот во Лос Анџелес во кој Лејкерси го пречекаа тимот на Мајами и обезбеди тешка но значајна победаа од 120:117 и тоа по одиграно едно продолжение. Адебајо со 28 поени прв на листата на стрелците на што додаде и десет скока, а во победничкиот табор Монк со кош помалку најзаслужен за домашниот триумф.

Резултати:

Кливленд – Вашингтон 94:97

Орландо – Бруклин 90:123

Бостон – Торонто 104:88

Хјустон – Детроит 104:112

Њујорк – Милвоки 100:112

Чикаго – Далас 117:107

Мемфис – Шарлот 108:118

Њу Орлеанс – Оклахома 100:108

Сан Антонио – Сакраменто 136:117

Денвер – Индијана 101:98

Феникс – Портланд 119:109

Голден Стејт – Минесота 123:110

Л.А.Лејкерс – Мајами 120:117 (по продолжение)

ПретходноКако Македонија до бараж: Прво триумф во Ереван…
СледноОбрадовиќ во елемент: Алекса, Алексааа, Алексаааа….. (ВИДЕО)