Дерби во Битола и во Скопје

143

И денеска има интересна ракометна програма од домашната македонска понуда. Ќе се играат два дерби дуели, еден во Битола и еден во Скопје.

Во салата „Боро Чурлевски“, Е.Пелистер е домаќин на Т.Пролет. Станува збор за тимови од врвот на табелата. Битолчани имаат скор од осум победи и еден пораз, додека пак скопјани имаат седум победи и два порази. Е.Пелистер по триумфот на помладиот состав над Вардар 1961 ја врати надежта дека може да го симне акуелниот првак од тронот, на другата страна Т.Пролет посакува потврда на третото место, кое минатата сезона му донесе многу поволности.

Во Скопје, во рамките на Првата лига ќе се судрат Алкалоид и Голден Арт, во дербито на осмата рунда. И двата тима немаат пораз до ова коло, па ќе биде доста интересно. Овој меч ќе покаже ќе биде вистински тест за квалитетите и за Алкалоид и Голден Арт, кои целат високо, пласман во Супер-лигата.

Дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

ПретходноМакедонија со бела опрема вечерва во Ереван!
СледноШкупи поразен од Бешикташ на пријателската во Истанбул!