Последно од сагата околу останувањето односно евентуалното заминување на Пол Погба од Олд Трафорд е информацијата дека тој заедно со неговиот менаџер секако бараат да стане најплатен фудбалер во Манчестер Јунајтед доколку се реши да ја обнови соработката со неговиот сегашен клуб.
За да се случи тоа, Погба мора да го надмине Кристијано Роналдо по примањата што секако е еден вид тивка војна на двете мега звезди.
Погба во моментов заработува 290.000 фунти неделно, додека пак Роналдо е далеку најплатен со 480.000 фунти за истиот период.
Договорот на Погба со Јунајтед истекува на лето, а тој во моментов е повреден и ќе одуствува некаде до нова година. Дел од медиумите велат дека дури тој го одиграл своето на Олд Трафорд и дека во јануари ќе си замине најверојатно повторно во Јувентус.










