Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна со квалификациите за Европското првенство 2023 година, откако на гостувањето кај Германија беше совлада со 73-41.
Митрашиновиќ со 16 поени и четири скока, зад неа беше Стојановска со осум поени, Трајчевска имаше шест.
Избраничките на Александар Ашаданов кој дебитира со пораз, имаа сили за едно полувреме. По одличното прво полувреме, паднаа во третата четвртина. Одбраната беше очајна, а не фукционираше ниту нападот. Во овој дел Македонија постигна седум поени, на другата страна домашниот состав реализираше 27 поени и направи целосен пресврт и дојде до убедливо водство пред стартот на последниот период (54-37).
До крајот Германија само го зголемуваше водството, буквално ги избриша оние фантастични 20. минути на Македонија.
Претходно „црвено-жолтите“ поведоа со 4-13, по првите десет минути беше 14-18. Нашите двојки продолжија во ист ритам, но по 26-30 на одморот, сликата целосно се промени.
Во нашиот состав ги немаше Девана Бонер и Ивана Кметовска кои поради повреда не му беа на располагање на Ашаданов. Доколку лекарскиот тим успее да ги санира проблемите и двете ќе настапат против Босна, дуел кој се игра за три дена во Скопје.










