Бешикташ – Шкупи 3:0 (2:0) е епилогот од денешната пријателска средба на “Водафон Арената“ во Истанбул. Тисркиот гигант настапи со својот најсилен состав и едноставно си ја искажа сета своја класа. Стрелци на головите беа Топал во 12.минута, Тешеира пет минути подоцна и конешниот резултат го постави Јалчин во 50.минута. Чаирчани колку и да се трудеа сепак квалитетот беше на стрната на домашниот состав.
Инаку Гоце Седлоски овој меч го започна со следните едианесет: Наумовски, Адетунџу, Алварез, Брдаровски, Чешмеџиев, Хамиди, Натранг, Руватубаје, Сенгор, Трапановски, Зука, Во продолжение од средбата шанса добија уште неколку фудбалери.
Во секој случај ова беше важен тест за лидерот на табелата во ПМФЛ, со цел да се види до каде е квалитетот на тимот кога се игра против така екстра силни екипи како што е Бешикташ.