Е.Пелистер го збриша Пролет

151

Е.Пелистер дојде до деветата победа во Супер-лигата оваа сезона и ја продолжо трката за првото место на табелата со најголемиот конкурент Вардар 1961. Избраниците на Жељко Бабиќ не му дадоа на Пролет на помисли на изненадување во Битола, славеше со 38-21.

Домаќинот дуелот го почна фуриозно, поведе со 7-0 и продолжи да доминира до полувремето. На другата страна Пролет беше немоќен, за 30. минути постигна само седум гола, а прими 21.

Теророт продолжи и по одморот, битолскиот состав поведе со 28-8, доволно за мирна завршница. Опуштеноста на противникот ја искористи Т.Пролет, па успеа да дојде до пристојна бројка на голови на оваа средба, која можеше да заврши катастрофално за нив.

Ојлески, Костески и Табоада со пет гола беа први стрелци, на другата страна Мајнов имаше шест погодоци.

ПретходноПолувреме: Македонски блесок во Ереван, водиме со 2:0!
СледноНов тренер и веднаш нови методи во Работнички!