Екипата на Ајнтрахт Франкфурт го совлада Баер Леверкузен со 5:2 во меч од 15. коло во германската Бундес лига. Интересно на овој меч е што гостите имаа водство од 0:2 по првите 22 минута со двата гола на Патрик Шик. Меѓутоа до крајот на полувремето домашните изедначија преку Тута и Линдстром.
Во второто полувреме домашните се разиграа, а гостите делуваа немоќно и нервозно. Ендика донесе пресврт за Ајнтрахт, а по него погодија Јакиќ и Соу за убедлив триумф.
Баер Леверкузен е трет на табелата, а Ајнтрахт направи скок на деветтото место.










