Екипата на Бадел 1962 ита кон титулата во македонскиот шампионат. Оваа сезона дефинитивно кошаркарките на овој тим се доминантни. Највеж доказ за ова доаѓа од дербито со актуелниот првак во женска конкуренција.
„Баделки“ на домашен терен го совладаа Баскет Кам со убедливи 77-64 за деветта победа во низа и зацврстување на врвот на табелата со 18 бода, два повеќе од директниот конкурент.
Александра Стојановска забележа 23 поени, 8 скока и 4 асистенции. Нена Трајчевска запиша 16 поени, додаде 8 скока и 4 асистенции. Ивана Кметовска постигна 15 и оствари 9 скока и 4 асистенции, Марија Димитријевиќ 11 поени и 4 асистенции, Цветанка Димова 10 поени.
Оваа победа е големо значење, не само за домашниот шампионат, туку за најважната битка во ВАБА-лига. Бадел во среда го пречекува Партизан, со триумф ќе се најде во Супер-лигата и ќе запише уште еден историски успех во ова натпреварување.












