Бодо/Глимт ја одбрани титулата во Норвешка

198

Фото: Тwitter/FK Bodø/Glimt

Екипата на Бодо/Глимт ја освои втората шампионска титула во историјата откако вечерва со победата над Мјондален го сочува првото место на табелата. Всушност „жолто-црните“ од Бодо ја одбранија титулата затоа што и минатата сезона беа шампиони.

По 30 кола Бодо/Глимт собра 63 бода (18 победи, 9 ремија и 3 порази) и има три поени повеќе од второпласираниот Молде. Трет заврши Викинг со 57 бода.

Првата лига ја напуштаат Мјондален и Стабек, додека Бран ќе игра во плеј-офот за опстанок. Интересно, Бран се извлече од директно испаѓање само поради подобрата гол-разлика од Стабек.

Следно за Бодо/Глимт е титулата во Купот каде е во 1/8 финалето, а да потсетиме дека тимот се пласира и во 1/16 финалето на Лигата на конференциите.

ПретходноБарса пак не победи, одигра 2:2 против Осасуна (видео)
СледноРистовски со две, а Адеми со една асистенција во победата на Динамо