Екс Македонскиот младински репрезентативец Михаил Маневски е пред трансфер во Шкендија, актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат.
Дефанзивецот имаше одлична полусезона во таборот на Брегалница, па и нормално е што има понуда да ги промени клупските бои и да заигра за клубот кој доминираше во последните сезони во првенството.
Шкендија од друга страна пак има намера зимава да направи реконструкција во екипата. Тренерот Акраповиќ очигледно одлучи да им се заблагодари на неколку до сега незаменливи и стандардни фудбалери во Тетово, како Арменд Алими, но и Мевљан Мурати, кој исто така е пред заминување од Шкендија. Михаил Маневски очигледно е одбран да биде дел од некоја нова, освежена Шкендија која на пролет ќе има за задача да го стигне лидерот Шкупи на табелата.
Спортмедиа дознава дека преговорите на релација Брегалница – Шкендија на тема трансфер на Маневски се во тек и дека се ќе се знае дефинитивно за два до три дена.















