Металург закажа прес-конференција, дали газда Минчо ќе дозволи пропаст?

864

Веќе со години се зборува за бројните долгови кои Металург ги има кон своите некогашни играчи и тренери. Во Автокоманда и покрај големата борба, сепак не успеаја да се изборат со ситуацијата, неисплатените обврски се натоложуваа, а по тужбите на еден екс-играч и тренер и бројни опомени од страна на ЕХФ, стигна одлуката да му се забрани на клубот да се натпреварува и во националното првенство, откако претходно беше суспендиран од учество во европските клупски лиги.

Овој црн ден за Металург отвари нови прашања. Дали клубот кој во историјата на мак-ракомет гласи за расадник на таленти ќе згасне?

Одговорот на ова прашање утре во 11 часот ќе го даде претседателката, Зорица Блажевска, која се бореше со бурите, но истите не застанаа.

ЕХФ на стартот на сезоната во Европската лига од македонскиот тим побара гаранција од 50.000 евра за да може да учествува во истата. Металург пресече, се повлече, со една цел – да се среди финансиската ситуација.

Но, како одминуваа деновите, ништо не се промени. Откако пред два месеци ЕХФ ги предупредил во Металург, му наложи на РФМ да ги суспендира од националното првенство.

Во една ваква се прашуваме дали газда Минчо Јорданов ќе го спаси клубот, дали ќе дозволи пропаст? Блажевска многу пати до сега се обидуваше на секој начин да се избори, но едноставно ја немаше целосната поддршка.

ПретходноПријателска во Охрид: Воска и Пелистер одиграа 0:0!
СледноКаталонците го промовираа Траоре: Барса секогаш бил мој дом! (ВИДЕО)