Металург и официјално е суспендиран од настапите во националното првенство. Оваа одлука доаѓа од страна на ЕХФ.
Европската „куќа на ракометот“ претходно го суспендираше тимот од Автокоманда од настап на европските клупски натпреварувања, а веќе денеска стигна известување до РФМ дека има забрана да продолжи да се натпреварува во Супер-лигата.
Оваа одлука е донесена пред крајот на месец јануари. Од ЕХФ веќе со години испраќаат предупредување кон раководството на клубот поради тужбите кои стигнале во нивната канцеларија поради неисплатени долгови кон некогашни членови, сумата која претходно ЕХФ ја бараше од Металург беше 50.000 евра, но засега не е познат целиот долг.
За ваквата состојба на Металург придонесе еден екс-играч и еден екс-тренер, а последната опомена била пред два месеци од страна на ЕХФ.
Ова е голем удар за клубот особено во време кога се обидува да се избори со сите проблеми. Но, во ЕХФ се одлучни, се додека не се исплатат долговите Металург нема да има право на настап ниту во домашниот шампионат.
Ова значи дека дуелот со Вардар и следните нема да се одиграат.