Паузата заврши – продолжува супер-лигашката трка!

160

Денеска продолжува вториот дел од сезоната во Супер-лигата, а со тоа и трката за првото место на табелата. Е.Пелистер и Вардар 1961 имаат по 43 бода, зад нив на минус десет е Бутел Скопје, по што следуваат Е.Пелистер 2, со 33 односно 32 бодови. Охрид, Тиквеш и Т.Пролет имаат по 25 бодови, зад нив е Металург (21), Прилеп (15), Струга (13), Скопје (6) и Радовиш три.

Во продолжување на битката за тронот, актуелниот првак денеска ќе ги одмери силите со Металург на гостински терен, во некогаш вечно дерби. Тимот од Автокоманда направи реконструкција на составот за да може да реши дел од проблемите, има и нов тренер, Игор Котевски. На другата страна „црвено-црните“ ќе ги предводи Давид Дејвис, кој дојде на местото на Веселин Вујовиќ. Шпанецот ќе стартува со триумф, со оглед на распоредот на силите на теренот, неговите тренерски квалитети ќе треба да ги покаже на дело во Лигата на шампиони.

Е.Пелистер пак домаќин на Охрид, оваа средба се игра утре.

Денеска Е.Пелистер 2 ќе го пречека Скопје (17 часот), Бутел е домаќин на Радовиш (18 часот), додека пак Пролет игра против Струга (18:30 часот). Последни силите ќе ги одмерат Прилеп и Тиквеш (19 часот).

ПретходноПСЖ му соопштил на Покетино да си бара нова работа
СледноПоранешниот претседател на Барселона: На „Камп Ноу“ се е јавно, во Реал никој не знае што се случува