Ракометарите на Тиквеш единствени обезбедија гостинска победа во првите пролетни дуели од Суперлигата. На гостувањето кај Прилеп, амбициозниот кавадаречки состав вечерва славеше со 31:24 во натпревар во кој имаше доминација уште од самиот старт.
Кавадарчани тргнаа со серија од 4:0 и до крајот на полувремето успеаја да ја задржат разликата. Заминаа на пауза со 17:12 и најавија дека сериозно сметаат на деветтата сезонска победа.
Во вториот дел Прилеп практично постојано ја бркаше предноста на гостите, која во ниту еден момент де падна под три гола разлика.
Најефикасен на мечот беше Страхиња Симиќ кој постигна 7 погодоци, додека кај домашните Шоковски беше стрелец на 6 гола.










